СТРУМИЧАНЕЦОТ ЉУПЧЕ ДОРИЕВ ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ СЕ ВРАЌА ВО ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА!

септември 16, 2022

Репрезентацијата на Македонија на крајот од овој месец ја очекуваат два натпревари во рамките од Лигата на Нации, а селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот на повикани фудбалери.

Прво на 23. септември Македонија ќе гостува на Грузија, а само три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаме селекцијата на Бугарија.

Во составот после подолго време се враќа Љупче Дориев, а поради повреда го нема Бобан Николов. Тука е и Агон Елези од Вараждин кој ако добие шанса за настап би дебитирал за националниот дрес.

Од македонската прва лига тука се голманите Наумовски и Алексовски, во средниот ред Бојан Димоски и во нападот Дориев.

Голмани:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ