СТРУМИЧАНЕЦОТ КРИСТИЈАН ВОДЕНСКИ ВО ГЕРМАНИЈА ГО СПОРЕДУВААТ СО БРУС ЛИ!

април 4, 2018

Боречките спортови кај нас не се многу застапени, но не треба да се грижиме бидејќи Македонија има иднина и во овој спорт. Кристијан Воденски е млад борач кој живее во Германија, но секогаш настапува под македонско знаме. „Сакам македонско знаме да носам, македонска химна да слушам кога победувам“, изјави Кристијан и стопи многу македонски срца.

Има само 11 години, а веќе е огромна ѕвезда во Германија, па често пати германските медиуми пишуваат за него. Кристијан е шампион во неговата категорија во повеќе боречки спортови- борење, кик-бокс, бразилско џиу-џицу и теквондо. „Рајн Мајн екстра тип“ весникот напиша и цела сторија за Кристијан, кој инаку со своето семејство живее во Офенбах. Преставен е како еден од најголемите таленти за боречки вештини во Германија, а често го споредуваат и со легендарниот Брус Ли.

Најатрактивен дел од борбите на Кристијан е неговиот ротациски удар одзади со петица, со т.н Кикилорис техника.

Инаку, Кристијан има потекло од Струмица, па често пати доаѓа на одмор токму тука. Она што посебно заслужува почит е неговата љубов кон татковината. На неговиот Фејсбук профил секогаш пишува за љубовта која ја има кон Македонија, а како што вели, најтешко му е кога треба да си замине назад во Германија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: