Струмичанецот Илиев се разбрани – за 360 минути има примено само еден гол

октомври 23, 2018

Младиот македонски голман повторно остана несовладан на меч од развојната лига во Англија

Дени Илиев брани во одлична форма и повторно не им дозволи на противниците во развојната лига на Англија да му дадат гол.

Вечерва во дербито за врвот, Арсенал одигра без голови со Евертон, а нашиот голман бранеше цел меч за „топчиите“.

На последните 4 натпревари Илиев не успеа да го одбрани само ударот на Рајт од Лестер, во минатото коло.

По 8 кола Арсенал и Евертон се на делба на првата позиција со по 15 бодови, а голема заслуга за успесите на младите „топчии“ има и Илиев.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: