Горан Попов, фудбалерот на Вардар и екс член на македонската репрезентација, доби специјално дијазнирани патики и маица. Патиките и маицата беа направени од една специјализирана продавница на грчкиот остров Санторини.
Патиките се направени со специјалната фотографија од Попов додека беше дел од ВБА, и на која личи како славниот цртан јунак Попај. Со фотографијата има и песна посветена на левиот бек.
Попов ја завршува играчката кариера, а во текот на летово неговиот поранешен клуб Херенвен ќе му организира простување од фудбалот.