Струмичанецот Ѓорѓиев се врати во Европа и потпиша со германски Фридрикшафен!

јуни 20, 2019

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев кариерата ќе ја продолжи на европско тло.

30-годишникот од Струмица се договори со германски Фридрикшафен со кој потпиша едногодишен договор. Македонскиот репрезентативец доаѓа од јапонското првенство каде изминатата сезона ги бранеше боите на Осака Блејзерс.

196-сантиметри високиот Ѓорѓиев е подготвен оваа есен да ја предводи репрезентацијата на Македонија на дебитантскиот настап на Европските првенства. Во текот на професионалната кариера нашиот интернационалец има настапувано во Турција, Франција, Србија, Јапонија и Полска.

Никола Ѓорѓиев со Торај го освои Царскиот одбојкарски Куп во Јапонија, а трофеи освојуваше и со Раднички Крагујевац и Париз Волеј. Со националната репрезентација првпат избори пласман на Европско првенство, а се најде во идеалниот тим на Европската лига во 2015 и 2016 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ