strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ ДЕЈАН ИЛИЕВ ВО ПОЧЕТНИОТ СОСТАВ НА БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ – МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ПРВА ПОБЕДА НАД ГИБРАЛТАР!

Автор:

Датум:

јуни 5, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Автор:

Датум:

јуни 5, 2022

Категории:

Спорт, Струмица

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски направи четири измени во составот за мечот со Гибралтар, тројца од фудбалерите се дебитанти.

Никола Серафимов, Тодор Тодоровски и Дејан Илиев ќе ги одиграат своите први официјални натпревари за А репрезентацијата на Македонија, тие се стартери на денешниот дуел со Гибралтар.

Македонија ќе почне со Илиев на голот, централно во дефанзивата се Серафимов и Муслиу, десен бек е Тодоровски, а лев Алиоски.

Во средниот ред се Барди и Спировски, странично ќе играат Елмас и Николов. Напаѓачката двојка ја сочинуваат Милан Ристовски и Трајковски.