strumica denes logo

Струмичанецот Дејан Илиев промовиран во полска Јагјелонија!

Автор:

Датум:

јануари 16, 2020

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јануари 16, 2020

Категории:

Спорт

Македонскиот голман Дејан Илиев официјално ја промени средината и во наредната полусезона ќе ги брани боите на полска Јагјелонија.

Илиев, кој има 24 години, е член на Арсенал, но премиерлигашот го испрати на позајмица по потрага на поголема минутажа. Струмичанецот во изминатата полусезона бранеше за Серед од Словачка, а за него ова ќе биде трет клуб во кариерата.

Дејан Илиев кариерата ја почна во струмичка Беласица, а во „топџиите“ се пресели во 2017 година. Чуварот на мрежата е стандарден дел од репрезентацијата на Македонија каде селектор е Игор Ангеловски.

Голманот е првиот Македонец кој ќе ги брани боите на Јагјелонија.