Home

Perdormire
Спорт Струмица

СТРУМИЧАНЕЦ ПОГОДИ 14 НАТПРЕВАРИ ОД ЛШ, НО НЕ ДОБИ 4.000 ЕВРА ПОРАДИ ЕДЕН ГОЛ!

Home

Обложувач од Струмица во Sport Life има за што да жали по комплетирање на синоќешните дуели од Лигата на шампионите. На тикет на којшто се наредени 15 фикса на парови од елитната европска лига, со вложени само 50 денари, имал тикет со добивка од 251.019 денари.

Седумте меча од вторникот беа погодени, исто како и двата вчерашни од пораниот термин од 18:45 часот, па останале шесте средби од 21 часот во средата. И таму се погодени пет натпревари, но „мината“ се случи на дуелот Лил – Севиља. Фиксот за овој дуел било „двојка“, односно победа на Севиља, но, за жал, гостите не постигнаа гол и на крајот заврши 0:0 и на обложувачот „му избегаа“ над 4.000 евра добивка со влог од помалку од едно евро.