Струмица повторно доживеа пораз, овојпат од Шкупи!

март 18, 2018

Шкупи стигна до втората последователна победа во Суперлигата и вчера се радуваше во дуелот со последнопласираниот тим на Струмица (109-67).

Домашната екипа ги доби сите четири четвртини и на крај заслужено стигна до четвртиот сезонски триумф. Со денешните два бода, избраниците на Енвер Мифтари се доближија до Карпош Соколи, кој има само една победа повеќе.

Рид со 22 и Догбо со 19 поени беа најефикасни кај чаирчани, а Макенаџиев со 16 се истакна кај струмиичани. Во следното коло Шкупи гостува во Куманово, а Струмица ќе ја пречека екипата на Блокотехна.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: