Струмица домаќин на Ф4 за кошаркари до 14 години

мај 22, 2018

Завршниот турнир од возрасната категорија за кошаркари до 14 години ќе се одигра в Струмица откако претставниците на МВП Струмица се изборија на лицитацијата одржана денеска во МКФ.

На „фајнал-фор“ турнирот ќе земат учество екипите на Партизан Мулти Шпед кој е прворангиран на табелата во оваа возрасна категорија, Вардар, Дино Баскет и организаторот на турнирот – МВП Струмица.

Турнирот ќе се одигра во два дена, денес и в среда.

Утре на програмата е првото полуфинале меѓу Дино Баскет и Вардар ( почеток 17 часот). Во 19 часот и 30 минути организаторот МВП Струмица ќе си ги одмери силите со Партизан Мулти Шпед.

Следниот ден се натпреварот за трето место меѓу поразените екипи (15 часот), како и финалниот натпревар кој ќе го одлучи шампионот ќе започне во 17 часот и 30 минути.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ