СТРУМИЦА ДОБИ МОДЕРНО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО „ЧИФЛИК“ МААЛО!

мај 18, 2021

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

📣Согласно планираните активности на Општината, на повеќе локации се реализираат капитални проекти коишто задоволуваат потреби на повеќе категории граѓани. Дел од нив се во интензивна градба, а дел завршуваат.

✅Денеска посетив две локации на кои финишираат проектите⬇️

✅Отвореното спортско игралиште во четвртата урбана заедница има комплетно нов изглед и ќе претставува вистинско место за спорт и рекреација.

✅Заврши и пренамената на делот од градската скривница под градскиот плоштад во Уметничка галерија, но останува уште да се комплетира со настрешницата. Во галеријата ќе има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење.

✅Ги следиме потребите на граѓаните и ги реализираме нивните барања.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ