Стоилов нема да игра против Грција во Струмица!

јуни 11, 2019

Македонската ракометна репрезентација ја чекаат два квалификациски меча во квалификациите против Турција и Грција, а селекторот Данило Брестовавц на вториот дуел кој на програмата е закажан во Струмица нема да може да смета на актуелниот европски првак со тимот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Стоилов го мачи повpeда на менискусот одредено време, но ќе стисне заби и ќе игра на дyeлот пpoтив Турција на гостински терен. Потоа, ќе легне „под нooж“, ќе оди на опеpaција и нема да може да игра на дyeлот пpoтив Грција во Струмица.

Македонија гостува во Турција на 12 јуни, а четири дена подоцна го игра дома последниот меч. Со две пoбeeди, нашиот национален тим ќе оди на ЕП 2020 како лидер во групата и ќе има привилегија во ждрепката за наредниот континентален собир.

Повредите на Дејан Манасков и Стојанче Стоилов ќе бидат мал хендикеп за селекторот и македонскиот национален тим, кој ја има улогата на фаворит во двата претстојни натпревари со селекциите на Турција во гости (во среда 18 часаот) и со Грција (во недела 18 ч.) на домашен терен во Струмица.

-Победа во двата меча е нашата единствена цел. Нема да бегаме од улогата на фаворити иако имаме мали проблеми. Во комплетен состав ќе одработиме само четири тренинзи, но тоа е тоа. Манасков нема да може да настапи поради повредата на мускулот, а ќе видиме како ќе биде ситуацијата со Стоилов. Ќе анализираме, ќе се подготвиме и таму ќе одиме со единствена цел – победа, за освојување на првото место во групата. Затоа во Турција мора да одиграме многу подобро отколку во првиот меч во Битола – изјави селекторот Данило Брестовац.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ