Со учество на 74 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Романија започнува вториот по ред Пандев Куп 2019. На овој меѓународен турнир ќе земат учество над 1500 дечиња во пет различни категории, што го прави најголем и најспектакуларен турнир кај нас. Младите фудбалерчиња од генерациите 2009 и 2010 ќе го отворат турнирот веќе во четврток на 21 февруари каде ќе се натпреваруваат во четири групи од по четири екипи, односно две групи од по шест екипи. Турнирот за генерациите 2009 и 2010 ќе заврши во недела на 24 февруари.
Веќе на 28 овој месец стартува и натпреварувањето за генерациите 2006, 2007 и 2008. Овие млади фудбалери ќе се натпреварувааат на терените во Струмица и Дојран, а турнирот ќе биде затворен на 03 март. Ваквиот интерес на голем број екипи од повеќе земји го потврдува и фактот дека овој Пандев Куп под водство на најдобриот фудбалер од Македонија на сите времиња Горан Пандев, ќе прерасне во традиција и го добива епитетот за најмасовен и најсилен турнир. Ова лето на истиот турнир кој ќе се одржи за повозрасни категории ќе земат учество 96 екипи од повеќе земји. Меѓународниот турнир Пандев Куп 2019 е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и општина Струмица и општина Дојран. Им посакуваме успех и дружење на сите учесници!