Стоперот Марио Маслаќ е новото засилување на Беласица. Србинот кој што има солидна биографија, ќе биде големо засилување во одбраната на струмичкиот тим.
Маслаќ има 28 години, висок е 190 сантиметри и во својата кариера играл во Борац Чачак, Осиек, Војводина, Иртиш и Рига.
Има и настап за младата репрезентација на Србија.