Home

Perdormire
Спорт Струмица

СПОРТСКИ НАСТАН ВО СТРУМИЦА ВО ЧЕСТ НА НАШИОТ И ЕДИНСТВЕН ЗДРАВКО ЈОВАНОВСКИ – НА 8 АВГУСТ ТРЕНИРАЈ ЗА ЗДРАВКО!

Home

Голем спортски настан за сите вљубеници во спортот во чест на нашиот еден и единствен Здравко Јовановски.

Еднодневен настан организиран од едни спортски ентузијасти за други.

✅Кошаркарски камп за деца
✅Boot Camp за возрасни.
✅Ревијално трчање
✅Велосипедска тура

Приклучете ни се на 8-ми август, во 16:00h, во ОУ “Сандо Масев” Струмица, на една неверојатна дружба во која ќе научите многу новитети од светот на спортот.

За стручниот дел од настанот, ќе бидат задолжени тим од искусни тренери кои ќе работат според програмата на Ефтим Богоев и Митко Богоев:

Ефтим Богоев – поранешен македонски репрезентативец и шампион на Македонија во неколку наврати, во моментот работи како индивидуален кошаркарски тренер со преку 100 NBA играчи во академијата The Skills Factory од Атланта. Главен тренер е на prep school екипата и одговорен за интернационален recruiting.

Митко Богоев – Физиотерапевт, кој веќе долги години работи со врвни спортисти од областа на фудбалот, кошарката, боречките вештини, MMA, карате. Работи во Швајцарија во фудбалскиот клуб Neuchâtel-Xamax, во Union Neuchâtel Basket и е клучен дел од швајцарската карате репрезентација. Митко ќе ви покаже како да го извлечете најдоброто од Вашето тело, врвни технологии и вежби кои ги користат неговите познати клиенти кои со негова помош имаат постигнато извонредни резултати.

Во склоп на настанот, голем придонес ќе дадат и тренерите од MVP кошаркарската академија од Струмица. Колеги и блиски пријатели на Здравко ќе тренираат заедно со децата од сите генерации на MVP. Децата ќе имаат уникатна шанса да научат нешто повеќе од врвни спортисти со големо искуство и ќе си заминат од настанот со едно неверојатно искуство кое ќе им даде голема мотивација да продолжат да напредуваат во спортот.

Имаме уште 30 слободни места за пријавување за кошаркарскиот камп. Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на оваа форма:

https://forms.gle/8wkXZccQ2ELCcuqc8

Познатиот фитнес клуб Pulse Fit исто така ќе се приклучи во иницијативата со тоа што во истиот ден, Томе Даневски, колега на Здравко и тренер во Pulse Fit ќе одржи еден тренинг за возрасни на начин на кој што Здравко неуморно и со полн ентузијазам го правеше тоа за своите клиенти во Pulse.

За пријавување за бесплатниот тренинг организиран од Pulse Fit, може да се пријавите со пополнување на оваа форма:

https://forms.gle/scZqj3kjTcFiGBsJ6

Целта на настанот е да се инволвираат сите љубители на спортот од сите области, затоа во истиот ден на 8-ми август, во чест на Здравко, Атлетскиот клуб Беласица Run ќе истрча кратка рута а велисипедскиот клуб Актив ќе направи една велосипедска тура.

Пријавувањата траат до 5-ти август. Сите активни учесници во настанот добиваат маица со hashtag #ТРЕНИРАЈЗАЗДРАВКО💪.

За сите останите пријатели и познаници на Здравко, а ги има во толку голем број, кои сакаат да присуствуваат на настанот вратите се отворени.

Дојдете заедно да ги бодриме дечињата, да се дружиме, да тренираме и да испратиме поздрав како што доликува до човекот кој остави толку голема трага во сечие срце.

Дојди и ТРЕНИРАЈЗАЗДРАВКО💪