strumica denes logo

СОФ2018: Уличниот баскет се враќа во Струмица!

Автор:

Датум:

јуни 26, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 26, 2018

Категории:

Спорт

Уличниот баскет се враќа во Струмица! Еуфоричното спортско лето 2018 ќе го продолжиме со нашиот тридневен кошаркарски турнир. Заедничко дружење, забавување и натпреварување.

Од 17 јули до 19 јули на кошаркарското игралиште на СОУ „Јане Сандански“ – STREET BASKET 2018.

Учество на турнирот може да земат сите рекреативци и љубители на кошарката. Пријавувањето е во тек и ќе трае додека не биде исполнета бројката од 16 екипи. Екипите треба да се состојат од 3+1 играчи, а за учество се плаќа котизација во вредност од 1500 денари. Со секоја платена котизација се добива дрес.

Најуспешните три екипи ќе добијат награди во вредност од 5.000 (трето место), 10.000 (второ место) и 15.000 денари (прво место).

Контакт за пријавување и информации:
Столе Христов – 070 347 416