strumica denes logo

Силекс ја изненади Беласица и ја оддалечи од битката за опстанок!

Автор:

Датум:

април 8, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 8, 2019

Категории:

Спорт

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Екипата на Силекс забележа голема победа на стадионот „Младост“ во Струмица и го изненади фаворизираниот домаќин Беласица (0-1), со гол постигнат во второто полувреме од натпреварот.

Кратовчани се борат за опстанок во елитата, а со трите бода против Беласица, која е директен ривал за избегнување на последните две места на табелата, дополнително се разжешти битката за опстанок.

Домашните фудбалери беа тие кои ја имаа иницијативата во поголемиот дел од мечот, но недостасуваше реализацијата. Две феноменални шанси во првиот дел имаше Благој Стојанов, но и двата шута од петнаесетина метри завршија високо над голот на гостинот од Кратово.

Казната за пропуштеното пристигна во 50. минута, кога Силекс тргна во напад, а во убава позиција се најде Дарко Додев, кој ја смести топката во мрежата на тимот на Ѓоко Хаџиевски, за конечни 0-1.

Силекс со оваа победа е на осмото место со 28 бода, пет помалку од Шкупи кој нанижа пет порази во серија. Беласица, пак, е на деветтото место со 23 бода, пред Победа со 19 бода. Битката за опстанок допрва ќе се одлучува, а дури пет тима од првенството ги чекаат интересни кола.