Шкендија и Пелистер пак во Струмица ќе водат битка за Куп-трофејот

април 13, 2018

Екипите на Шкендија и Пелистер се финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија, а веќе се подготвува и финализирањето на одлуката околу теренот на кој ќе се игра мечот за трофеј во најмасовното клупско натпреварување.

ФФМ се уште се размислува околу конечната одлука каде да се игра големото финале, но како што засега стојат работите, во пол-позиција е стадионот „Младост“ во Струмица, каде инаку беше и ланското финале од изданието на Купот на Македонија.

Лани, Струмица беше среќна за Пелистер кој го грабна Куп-трофејот преку пенали и обезбеди излез во Европа. Конечната одлука околу местото на одигрување на Куп-финалето ќе биде соопштена наредната недела. Истото треба да се игра на почетокот на мај.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ