СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА „ПАНДЕВЦИ“: СИТЕ ЗАЕДНО ЗА ТОМЕ ЈАНЕВ!!!

април 28, 2019

Дека фудбалот и животот понекогаш не значи само ривалство, победи и порази, туку и нешто големо, хумано, доказ е потегот на Академија Пандев на вчерашниот меч со Работнички.

Иако станува збор за фудбалер од нивниот најголем ривал Беласица, сепак „пандевци“ се едни од организаторите на хуманитарната акција „Сите заедно за Томе“, за Томе Јанев кој е болен и на кого му треба материјална помош.

Играчите на А. Пандев на мечот со „романтичарите“ излегоа со маички на кои пишуваше „Сите заедно за Томе“. Секоја купена влезница значеше поддршка за Томе, а клубот апелира до сите да помогнат и да се вклучат во акцијата за помош на Томе Јанев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ