Струмица се подготвува за фешта, Беласица е пред прволигашка промоција. Имено се е подготвено за големо славје, и за официјално враќање, по долги години, на струмичани во македонската фудбалска елита. Затоа струмичките АЈДУЦИ повикуваат на масовност и заедно да го прослават овој важен момент за струмичани!
Мечот со Кожуф, во рамките од 25. Коло во Втората Лига – Исток, ќе се игра утре (сабота), на стадионот „Младост” со почеток од 16:30 часот. На момците на тренерот Раде Цицмиловиќ веројатно доволно ќе им биде и бод, но сека дека лидерот сака со победа да стави печат на пласманот во елитата.