Разнишаните Академија Пандев и Работнички во клинч на „Младост“

април 27, 2019

Екипите на Академија Пандев и Работнички ги чека меѓусебен натпревар во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), кој би можел да ја реши кризата, барем на едниот тим, секако, доколку има победник на оваа средба.

„Пандевци“ ја свртеа лентата исто како и лани. Беа хит во есенската полусезона, но во пролетната им падна формата. Пет натпревари по ред не знаат за успех, а имаат три порази и две ремија во последните пет кола. Ситуацијата не е сјајна и кај Работнички, затоа што „романтичарите“ во последното одиграно коло доживеаја шокантен пораз од Победа.

Тренерската смена и назначувањето на Лазаревски на местото на Тасевски донесе резултат, Работнички победи на две гостувања, но сето тоа падна во вода со поразите од Силекс и Победа, екипи кои се борат за опстанок. Само успех против Академија Пандев може да го врати Работнички во сериозна битка за Европа.

Последни меѓусебни натпревари на Академија Пандев и Работнички:
10.03.2019 – Работнички – Академија Пандев 1-2
04.11.2018 – Академија Пандев – Работнички 1-0
01.09.2018 – Работнички – Академија Пандев 1-0
13.05.2018 – Академија Пандев – Работнички 0-1
01.04.2018 – Работнички – Академија Пандев 1-1

Натпреварот меѓу двете екипи во Струмица е закажан за денеска со почеток од 16:00 часот. Главен судија на „Младост“ ќе биде Зоранчо Темелков, а ќе му помагаат Ѓорѓи Карајанов и Илија Гонев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ