Проблем за Македонија – Горан Пандев е неизвесен за настап против Израел!

септември 5, 2019

Македонија има нов неочекуван проблем, а капитенот Горан Пандев е неизвесен за настап за денешниот меч против Израел во рамките на квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Стрелецот на победничкиот гол во Хаифа пред две години, сега веројатно нема да ја предводи македонската репрезентација, а има хематом на слабината. Покрај него не се знае дали ќе игра и Аријан Адеми.

„Капитенот Пандев поради хематом на слабината, е неизвесен за настап, а ја следиме состојбата и со Адеми, кој денеска ќе тренира со екипата, а потоа ќе видиме дали ќе може да настапи. Добро се познаваме со Израел, знаеме дека и во минатите квалификации бевме во иста група. Имавме доволно време да го анализираме противникот, но знаете дека за мене најважни се моите фудбалери. Ќе се обидеме ние да бидеме тие кои се прашуваат на теренот и се надевам дека тоа ќе биде доволно за поволен резултат. Ситуацијата со подготвеноста на фудбалерите ќе го одреди почетниот состав“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Младиот голман во македонскиот тим, Дејан Илиев, исто така се надева на позитивен резултат од утрешниот меч што ќе се игра на стадионот „Тото Тарнер“ во Бер Шева од 20.45 часот.

„Дојдовме да се бориме и сигурно нема да се предадеме. Напротив, ќе се обидеме да дадеме максимум од нашите можности да ја израдуваме нашата јавност. Јасно е дека нè очекува тежок дуел, но убеден сум дека можеме да се носиме со предизвикот“, рече Илиев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: