ПРИСТИГНА И ПРВИОТ ПЕХАР ЗА АК БЕЛАСИЦА РАН: СТРУМИЧАНЕЦОТ СТОЛЕ АНГЕЛОВСКИ НА „ШРИ ЧИНМОЈ“ ГО ОСВОИ ТРЕТОТО МЕСТО ВО КАТЕГОРИЈАТА – МАРАТОН!

јули 5, 2021

АК БЕЛАСИЦА РАН:

Еден ден по настапот на 22-риот Шри Чинмој маратон за себенадминување кој воедно беше и државно првенство во полумаратон и ден поминат во средување на импресиите, редно е да објавиме дека имаме подиум. Честитки за Столе Ангеловски кој го освои третото место во категоријата маратон и го донесе првиот пехар за нашиот клуб, успех кој се надеваме ќе биде поттик за сите. Воедно во категоријата полумаратон настап забележаа и Васил Георгијевски и Марјан Стојков. До нови успеси!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ