strumica denes logo

ПОРАЗ ЗА ЕКИПАТА НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ НА ДЕНЕШНИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Автор:

Датум:

октомври 21, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

октомври 21, 2018

Категории:

Спорт

Во рамките на 10. коло во ПМФЛ, фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров на домашен терен во еден тежок и неизвесен натпревар славеа важна победа над Академија Пандев со 1-0 (0-0).

По почетното испитување на силите, првата шанса ја имаа „лавовите“, во 11. минута. Божиновски одлично центрираше, но Кировски од 11 метри биеше непрецизно. На спротивната страна гостите од Струмица се заканија преку Дориев, но неговиот удар беше блокиран и „пандевци“ добија само корнер. Во централната фаза на натпреварот домашните фудбалери имаа мала теренска иницијатива, но без да направат некоја поголема шанса, а во финишот на првиот дел останаа без Нето, кој поради повреда беше заменет од Мартин Блажевски.

Вториот дел започна со иницијатива на домаќините и најпрво Божиновски биеше од далечина, а истиот фудбалер потоа одлично нафрли од слободен удар, но Тантуровски од непосредна близина биеше непрецизно. Конечно, надмоќната игра на „лавовите“ вроди со плод во 55. минута, кога Христијан Кировски, кој ја искористи грешката на гостинската одбрана и од непосредна близина го матира Чубраковиќ за 1-0.

Гостите од Струмица веднаш се обидоа да возвратат, но ударот на Сашко Пандев од само неколку метри беше непрецизен. Следеше шанса и на Миловановиќ, но неговиот удар домашниот голман го исфрли само во корнер. Како одминуваше времето скопјани со прекини ја чуваа предноста, во што на крајот и успеаја и освоија важни три бода.

Во наредното коло Македонија ЃП гостува против шампионот Шкендија, а Академија Пандев во Струмица ќе го игра дербито против Беласица.

Извор: GOL.MK