ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ ВЕЧЕРВА ЗА МАКЕДОНСКАТА ОДБОЈКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДА ОДИ ПОНАТАМУ?

септември 18, 2019

Одбојкарската репрезентација на Македонија ги заврши настапите во групната фаза на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Франција, Белгија, Словенија и Холандија, а само еден резултат ѝ одговара на мечот меѓу Турција и Финска, за да го продолжи сонот.

Никола Ѓорѓиев и пријателите се надминаа себеси во последните два меча, па извојуваа две победи во два дена. Прво, падна Белорусија, за потоа изненадувачки да падне и домаќинот Словенија, за историски резултат во Љубљана за нашата одбојка.

Македонија има шест бода, но за да патува во осминафиналето во Нант, потребна е победа на Турција над Финска во последната рунда. Во спротивно, секој друг резултат ќе е погубен за нашиот национален тим и ќе испаднеме како петтопласирани во групата.

Одбојкарите „стегаат палци“ и чекаат помош од Турците. Натпреварот кој е клучен за нас и нашата судбина на ЕП 2019 е закажан од 20:30 часот во салата „Стожице“ во Љубљана. Турција важи за фаворит на хартија, но на ова ЕП се виде дека се е можно.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ