ПОДЕБА НАД ХРВАТСКАТА ЕКИПА: ОДБОЈКАРКИТЕ НА ООУ „ВИДЕО ПОДГОРЕЦ“ СЕДМИ ВО СВЕТОТ!

април 6, 2019

Одбојкарките на ООУ “Видое Подгорец” од Струмица, денес 5 Април 2019 год., на последниот ден и натпревар на Светското првенство во одбојка за основни училишта во Пореч – Хрватска, со одлична игра и ја победи со 2:1 во сетови фаворизираната домашна екипа од Осијек –Хрватска со што го освои седмото место на Светското првенство. Во првиот сет, се водеше израмнета игра со континуирано мимимално водство 1-2 поени на струмичките одбојкарки и така беше до 22:22. Со сервисот на Велева, струмичките основци поведоа со 24-22 за потоа со по една промена на сервисот да дојде до конечните 25:22 и водство во сетови. Во вториот сет, падна приемот на сервисот и играта во одбрана кај струмичките одбојкарки, што резултираше со убедливо 25:13 губење на сетот и израмнување 1:1 во сетови. Во третиот тајбрек сет, одбојкарките на ООУ “Видое Подгорец“ заиграа многу подобро и посигурни и од почетокот го презедоа водството до 2:0 и 5:2 за со предност од 8:5 ги сменија страните. Струмичанки во втората половина на завршниот сет заиграа уште подобро и предводени од одличните Недева и Пакетова ја зголемија предноста на 12:8 и со убедливи 15:9 сосема заслужено славеа победа со 2:1 во сетови, за голема радост на младите струмички одбојкарки и нивните наставници и водачи Зоран Спасов и Горан Иванчев како и директорот Леонид Танчев, за остварената победа и освоеното одлично СЕДМО место на Светското првенство. Денес попладне и вечер, ќе се играат завршните финални натпревари во машка и женска конкуренција, по кои следува церемонијалот на свеченото затворање на Светското првенство во Хрватска.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ