ПОЧНУВААТ БИТКИТЕ ЗА ТИТУЛИТЕ: ЏИО СТРУМИЦА ЈА БРАНИ ДВОЈНАТА КРУНА

април 24, 2019

Во исчекување на летото полно со репрезентативни обврски и премиерниот настап на машката одбојкарска репрезентација на Европското првенство во септември, вниманието е насочено кон завршницата во националното првенство, каде стартуваат битките за титулите.

Џио Струмица е бранителот на двојната круна, кој по последното коло од регуларниот дел од сезоната стана јасно дека на патот по новата шампионска титула во полуфиналето на плеј-офот, ќе се соочи со Вардар, додека вториот предизвикувач ќе го добие од двомечот меѓу Универзитет во Тетово и Шутова. Се игра во два добиени натпревари, а разигрувањето стартува на 8 мај.

Дефинирани се и полуфиналните плеј-оф двојки кај дамите, каде ќе имаме еден скопски дуел меѓу Работнички и Јанта Волеј, додека Работнички Жени и Наковски Волеј се втората плеј-оф двојка. И во женска конкуренција важат истите правила, се игра во два добиени дуели, со почеток од 8 мај.

ФИНАЛЕН КУП ДЕН

По пред да стартува трката за шампионската титула, на 30 април ќе се одигра финален ден во Купот на Македонија, каде ќе ги гледаме натпреварите и во машка и во женска конкуренција. Локацијата, односно техничкиот домаќин на Купот, ќе бидат познати до крајот на неделава.

Кај мажите бранителот на пехарот Џио Струмица ќе се соочи со дебитантот Универзитет во Тетово, кој испиша клупска историја со пласманот во финалето, додека кај дамите Работнички ќе ги измери силите со Наковски Волеј.

ИЗВОР:СПОРТМЕДИА

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ