Победа минимално ја совлада Беласица во Струмица

јули 5, 2018

Фудбалерите на Победа во својот прв контролен натпревар, на стадионот „Младост“ во Струмица, jа совладaа Беласица со 0-1.

Победоносниот погодок за прилепчани го постигна ветеранот Благоја Гешоски, по извонредниот соло-продор на Марио Наумоски, кој претрча повеќе од 40-тина метри и се ослободи од неколку фудбалери. И двата тренери денешниот натпревар главно го искористија за проверка на сите расположливи сили.

За фудбалерите на Беласица овој натпревар беше втор пријателски, а од петок струмичани своите подготовки ги продолжуваат на Златибор.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: