strumica denes logo

ПОБЕДА ЌЕ ГО НАГОСТИ ВАРДАР ВО СТРУМИЦА

Автор:

Датум:

април 19, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 19, 2018

Категории:

Спорт

Прилепчани заминуваат ден претходно, ќе одработат карантин, па в недела на стадионот Младост го дочекуваат Вардар.

Тимот на Победа стандардно пролетва, своите мечеви како домаќин ги игра буквално каде ќе стигне, односно каде ќе има место. Па така, следното 29. коло Победа го пречекува Вардар, а како домашен стадион е одбран Младост во Струмица. Прилепчани веќе беа домаќаини на овој стадион, а со оглед на условите кои овој објект ги нуди, секако дека секој па и Победа сака да игра таму. Сепак, Прилеп и Струмица не се едно до друго, па прилепчани според информациите ќе заминат во карантин ден претходно.