strumica denes logo

Победа голема како планина: Струмичката гордост „Беласица“ останува лидер на табелата по победата во Македонска Каменица!

Автор:

Датум:

ноември 11, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

ноември 11, 2019

Категории:

Спорт

ФК Беласица се враќа со три бодови од гостувањето во Македонска Каменица! Нашите фудбалери одиграа одлично и борбено во текот на целиот натпревар, а покрај 3те голови имавме и многу креирани шанси. Резултатот го отвори Марков Ѓорги во 32 минута, по одличната асистенција на Серафимовски Јордан. Во 82 минута Мирчевски Мартин го зголеми водството на 0 – 2, а асистенцијата беше дело на Размоски Дарко. Стрелец на третиот гол беше Коколански Кирил по асистенција на Марков Ѓорги. ФК Беласица останува лидер на табелата во ВМФЛ – Исток по одиграни 12 кола.