ПО МОДЕРНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК, ПОСТАВЕНО НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ И НА УЛИЦАТА „МЛАДИНСКА“

февруари 18, 2019

По новото модерно осветлување во големиот градски парк, Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ започна со градежните активностите за поставување на ново улично осветлување на улицата „Младинска“. Според директорот Митко Бујуклиев, комплетната замена на старото со ново улично осветлување ќе се изврши на потегот од градинката кај болницата до градинката кај основното училиште „Никола Вапцаров“ во должина од 1,5 километри. Во овој зафат ќе бидат поставени 47 нови бандери со исто толку ЛЕД арматури со јачина од 80 вати. Општина Струмица и Јавното претпријатие ќе продолжат со подобрувањето на уличното осветлување и на други локации во градот и населените места.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ