ПМФЛ: Домашен шок за Академија Пандев, Вардар е нов лидер!

септември 27, 2018

Седмото коло во Првата лига донесе два изненадувачки домашни порази на лидерот Академија Пандев и на шампионот Шкендија, по што на Вардар му беше доволна минималната победа од 1:0 над Силекс за да се искачи на првото место на табелата.

Шкендија „падна“ во второто полувреме во Тетово губејќи со 0:2 од Победа, откако прво Киријан Нвабуезе постигна одличен гол во 61. минута, за Танушев да ја потврди победата во 87. минута и да му го нанесе на шампионот првиот пораз во новата сезона.

Сличен „шок“ доживеа и досегашниот лидер, Академија Пандев, откако Ренова со двата гола на Влатко Стојановски дојде до импресивна 2:0 победа во Струмица, и овие резултати ги искористи Вардар, откако тимот на Александар Васовски стигна до минимална победа над Силекс благодарение на голот на Јуфо во 71. минута.

Изненадувачките резултати ги потврди и Македонија ЃП, која го „разби“ Работнички со 3:0, додека Беласица сврза две победи во низа по 1:0 победата над Шкупи.

Вардар сега е прв на табелата со 17 поени, два повеќе од Академија Пандев и три пред Шкендија.

ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО

Академија Пандев – Ренова 0:2

Беласица – Шкупи 1:0

Македонија Ѓорче Петров – Работнички 3:0

Шкендија – Победа 0:2

Вардар – Силекс 1:0

ТАБЕЛА: 1.Вардар 17, 2.Академија Пандев 15, 3.Шкендија 14, 4.Победа 11, 5.Работнички 9, 6.Беласица 8, 7.Ренова 7, 8.Македонија Ѓорче Петров 6, 9.Шкупи 5, 10.Силекс 5.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ