strumica denes logo

Плеј-оф: Струмица си поигра со Шутова!

Автор:

Датум:

април 19, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 19, 2018

Категории:

Спорт

Изминатиов викенд беше комплетиран регуларниот дел од првата одбојкарска лига во нашата држава, а вчера веќе се одиграа првите натпревари од плеј-офот и во машка и во женска конкуренција.

Кај мажите екипата на Вардар уште еднаш докажа дека е незадржлива на домашен терен и со 3-2 го доби финалистот на националниот Куп, Весна Пробиштип. Во второто полуфинале очекувана победа од 3-0 славеше Струмица над тимот на Шутова.