Perdormire
Спорт

Пелистер и Шкендија подготвени за второто меѓусебно финале во Купот на Македонија кое ќе се игра во Струмица!


Екипите на битолски Пелистер и тетовска Шкендија вечерва во Струмица ќе го одиграат последниот меч во фудбалската сезоната во Македонија.
>Како и лани така и годинава фудбалерите на Пелистер и Шкендија ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија.  Тетовски кои веќе го освоија шампионскиот трофеј ќе се обидат да му се реваншираат на Пелистер за минатогодишниот пораз во финалето во Купот, кога по подоброто изведување на пенали, битолскиот клуб го освои трофејот.
Во пресрет на утрешното финале од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица прес – конференција одржаа тренерите на двата тима, на ФК Пелистер, Неџат Хусеин и ФК Шкендија, Ќатип Османи, а свои изјави имаа и капитенот на тетовци Ферхан Хасани и фудбалерот на Пелистер, Благојче Марковски

-Шкендија влегува како голем фаворит на натпреварот. На убедлив начин го освоија првенството, а со начинот на кој тоа го направија покажаа дека ја имаат најдобрата екипа во Македонија во последните неколку години. Ние сме во финале и ќе се обидеме да се спротивставиме најдобро што можеме. Однапред не се предаваме, напротив, се надевам дека ќе играме добар фудбал и ќе се бориме до крај, изјави тренерот на ФК Пелисер, Неџат Хусеин.

-Не очекува финале, тоа е важно, не треба да не залажуваат победите во првенството. Ова е еден натпревар и треба да го сфатиме максимално сериозно. Наша цел е титула и во Купот на Македонија и ќе се обидеме да ја освоиме. Го почитуваме Пелистер, но најбитни сме ние. Имаме голема шанса да ја оствариме победата за најголем успех во историјата на клубот и ќе дадеме се од себе тоа и да го направиме, рече тренерот на ФК Шкендија, Ќатип Османи.
Благојче Марковски (ФК Пелистер) изјави дека неговиот клуб нема да излезе со „бело знаме“ на утрешното финале, се надева на голема борба и добар натпревар. Ферхан Хасани (ФК Шкендија) рече дека Шкендија сезонава има цел да ја освои двојната круна, но тоа треба да го потврдат на утрешното финале.
Финалниот меч кој ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица ќе започне од 20 часот.