Пелистер и Шкендија ќе играат Куп-финале под рефлектори на 23 мај во Струмица!

април 24, 2018

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одреди официјалниот термин на финалето од Купот на Македонија, во кое се среќаваат екипите на Шкендија и Пелистер.

Ланската реприза повторно ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица. Промена ќе има само во датумот и мечот за трофеј ќе се игра на 23 мај од 20.00 часот.

Ланското финале беше среќно за Пелистер, кој по изведување на пенали ги совлада тетовчани и обезбеди место во квалификациите за Лигата на Европа каде загуби уште во првото коло од фаворизираниот Лех Познањ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ