strumica denes logo

Пандевци во Софија минимално поразени од Царско Село

Автор:

Датум:

јули 22, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јули 22, 2018

Категории:

Спорт

Фудбалерите на Академија Пандев се поразени со 2-1 во пријателски натпревар против Царско Село, игран вчера попладне во Софија.

Единствениот гол за пандевци го постигна Александар Мишов. По поразот тимот од Струмица повторно се враќа во својата база во Банско, каде ќе ги продолжи своите подготовки. Следниот пријателски натпревар струмичани ќе го одиграат токму во Банско, веќе утре, а за противник ќе ја имаат екипата на прилепска Победа.

Академија Пандев минатата сезона ја заврши на шестото место во ПМФЛ, а целосно го трансформира тимот за новата, кој почнува во август годинава.