Пандевци не пуштаат „Ајдуци“ на трибините во Турново – Пинда вели дека се плашат од струмичката публика!

октомври 26, 2018

SPORT 1:

Ривалството на двата струмички клубови, Беласица и Академија Пандев зоврива во пресрет на неделното градско дерби, кое ќе се одигра на стадионот „Кукуш“ во Турново, иако од Беласица побараа мечот да се игра на „Младост“ под рефлектори и пред многу поголем број на гледачи.

Од Беласица беа гневни на одлуката на Пандевци да играат во Турново, иако им понудија бесплатно да бидат домаќини на „Младост“, потенцирајќи тогаш првиот човек на струмичани Славчо Васков – Пинда, дека „Пандев бега од струмичкиот стадион за да не се соочи со свирежи“.

Сега, од Беласица се пожалија дека во Турново нема да биде дозволено да присуствува нивната навивачка група „Ајдуци“, од причина што на таа трибина „немало заграден простор за навивачи“, а плус се работи само за една трибина. И да е циркусот поголем, во Турново гостувале и другите прволигаш, кои имаат далеку поголеи навивачки групи, па без проблем се наоѓале на трибината.

Беласица во соопштението ја посочи апсурдноста на одлуката, особено што Академија Пандев нема навивачка група.

„Почитувани љубители на фудбалот и фанови на ФК Беласица. Ја користиме оваа прилика да ве известиме дека ФК Академија Пандев не дозволува нашата навивачка група „Ајдуци“ организирано да допатува на стадионот ‘Кукуш’ во Турново и да даде поддршка на нашите фудбалери. Причината за таквата нивна одлука е дека на стадионот ‘Кукуш’ на трибината нема ограден дел за навивачка група. Имајќи во предвид дека на истиот стадион до сега доаѓале многу навивачки групи и немало никаква причина истите организирано да присуствуваат и ги бодрат своите тимови, во нашиот случај одлука е апсурдна и банална.

Според правилникот за безбедност на ФФМ за организација на фудбалски натпревари, единствено домаќинот организатор на фудбалски натпревар може да одбие присуство на гостинска навивачка група доколку истата не биде благовремено најавена од страна на гостинската екипа(минимум 48 часа пред почетокот на натпреварот) или доколку стадионот има само една трибина и од безбедносни причини на истата не смеат да бидат присутни две навивачки групи.Имајќи во предвид дека ФК Академија Пандев нема своја навивачка група, оваа одлука е апсурдна и не е во рамки на спортскиот дух, но ФК Беласица ќе ја почитува истата“, се вели во соопштението на Беласица.

Во продолжение погледнете го целосно соопштение на Беласица:

Почитувани љубители на фудбалот и фанови на ФК Беласица. Ја користиме оваа прилика да ве известиме дека ФК Академија Пандев не дозволува нашата навивачка група „Ајдуци“ организирано да допатува на стадионот „Кукуш“ во Турново и да даде поддршка на нашите фудбалери.

Причината за таквата нивна одлука е дека на стадионот „Кукуш“ на трибината нема ограден дел за навивачка група. Имајќи во предвид дека на истиот стадион до сега доаѓале многу навивачки групи и немало никаква причина истите организирано да присуствуваат и ги бодрат своите тимови, во нашиот случај одлука е апсурдна и банална.

Според правилникот за безбедност на ФФМ за организација на фудбалски натпревари, единствено домаќинот организатор на фудбалски натпревар може да одбие присуство на гостинска навивачка група доколку истата не биде благовремено најавена од страна на гостинската екипа(минимум 48 часа пред почетокот на натпреварот) или доколку стадионот има само една трибина и од безбедносни причини на истата не смеат да бидат присутни две навивачки групи.

Имајќи во предвид дека ФК Академија Пандев нема своја навивачка група, оваа одлука е апсурдна и не е во рамки на спортскиот дух, но ФК Беласица ќе ја почитува истата.

Со Почит, ФК Беласица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ