„ПАНДЕВЦИ“ ГИ МЕНУВААТ ТРЕНЕРИТЕ ВО РАБОТНИЧКИ!

април 3, 2018

И официјално нов стратег на „романтичарите“ е Ѓоре Јовановски, сепак интересно е нешто друго. Треневски си замина по поразот од А. Пандев во 7. коло, Станковски си замина по ремито со истиот тим во 25. коло

Горан Станковски е минато а иднина за Работнички е Ѓоре Јовановски, еден од нашите најтрофејни ако не и најтрофеен стратег во Македонија, кога станува збор за клупскиот фудбал.
Сепак интересно е нешто друго, а тоа дека сезонава Академија Пандев се „прашува“ за тренерски смени во клубот од Градски парк.
Да потсетиме дека сезоната на клупата ја почна Виктор Треневски, но по поразот дома со 1:2 од Академија Пандев во 7. коло, Треневски мораше да си оди. На негово место дојде Горан Станковски но и тој си замина токму по меч против Академија Пандев кога во неделата Работнички одигра само 1:1.
Па нека ми ја мисли Ѓоре на 13 мај кога во Струмица во рамките од 34. коло Работнички му гостува на Академија Пандев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ