Само три натпревари го делат Горан Пандев до историскиот рекорд на Гоце Седлоски по бројот на настапи во репрезентацијата. Капитенот со златни букви ќе биде испишан во нашата историја, а 2018 година ќе му остане запишана како една од најуспешните години во дресот со државниот грб.
Одличен настап во Хаифа, во Струмица со Албанија и Лихтенштајн, голови со Ерменија и Лихтенштајн и многу, многу аплаузи за Пандев годинава. Струмичанецот многу очекува и од денешниот натпревар натпревар.