ОСВЕН ПАНДЕВ, НА МИЛАН МУ ИМА ДАДЕНО ДВА ГОЛА И СТРУМИЧАНЕЦОТ ДАВИД СТОЈАНОВ!

јуни 4, 2023

Освен македонската фудбалска икона Горан Пандев, на еден од најголемите фудбалски тимови во светот Милан, два гола му има дадено и струмичанецот Давид Стојанов. Се работи за пријателски натпревар помеѓу Милан-Белинкона во 2018 година, кога Стојанов играше во Белинцона, тим кој во моментот игра во втората најсилна швајцарска лига.

Давид тогаш успеа да реализира два гола во мрежата на Милан во 26 и 69 минута од натпреварот. Тогаш тренер на италијанскиот клуб беше Гатузо а дел од играчите Бонучи, Чаланоглу, Бонавентура, Локатели, Донарума, Калинич, Сусо и др.

Во моментот Давид Стојанов игра во фудбалскиот клуб на Локарно и оваа година го освоија Суперкупот на Тичино (италијанскиот дел на Швајцарија).

Покрај Белинцона и Локарно, Стојанов играше и во Парадизо.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ