ОФИЦИЈАЛНО: ВАНЕ МИЛКОВ Е НОВ ТРЕНЕР НА ФК БЕЛАСИЦА!

јули 10, 2019

Управата на ФК Беласица го назначи Ване Милков за нов шеф на стручниот штаб. Во изминатите 4 години, Милков беше тренер во младинската школа на ФК Беласица, каде оствари низа успешни резултати.

„Гледајќи ја неговата амбициозност и посветеност кон оваа работа во изминатиот период, сметаме дека Ване во моментов е идеално решение за тренерската позиција,како и за продолжување на нашата клупска стратегија, промовирање на фудбалери од младинскиот погон во првиот тим“ – рече спортскиот директор Ацо Стојанов.

„Голема благодарност до управата на ФК Беласица за укажаната доверба.За мене претставува голема чест и задоволство да бидам тренер на Фк Беласица и огромна привилегија да соработувам со одлични фудбалери кои се дел од овој тим.Ова за мене е голем предизвик од кој ќе црпам дополнителен мотив и енергија за да ја оправдам довербата на клубот“ -изјави Милков.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ