strumica denes logo

Официјално отворање на Пандев Куп 2018

Автор:

Датум:

март 5, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

март 5, 2018

Категории:

Спорт

 

Почитувани љубители на спортот,

Ве покануваме на отворањето на Пандев Куп 2018 година , кој ќе се одржи од 07.03-09.03.2018 година во Струмица.
Имено ќе имате прилика да уживате во феноменален фудбал составен од 64 екипи кои доаѓаат од одлични клубови со високо реноме. Генерациите кои ќе се натпреваруваат се од 2006-2009 година.

Дел од екипите кои може да ги видите на фудбалскиот терен се Академија Пандев, Шкендија, Победа, Национал , Вук Парачин, Форца, Ќустендил, Дит Софија, Реал Ниш, Осијек, Престиж Врање, Шкупи и други.
Натпреварите ќе се одиграат на осум фудбалски терени и истите ќе траат по две полувремиња од по 20 минути.

Пандев Куп 2018 се одржува за првпат и истиот ќе прерасне во натамошна традиција.
Истиот е во организација на ФК Академија Пандев – фудбалска академија Пандев со поддршка на ФФМ и АМС на Република Македонија.

За сите потребни информации обратете ни се на официјалната веб страна http://www.akademijapandev.mk/ или пак на фан страната на фејсбук https://www.facebook.com/pandevcup/.

Ве очекуваме во голем број , да навиваме заедно.