ОД УТРЕ (ПОНЕДЕЛНИК) ЗАПОЧНУВА ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „СТРУМИЦА 2022“

јуни 26, 2022

Струмица овој месец ќе има можност да ужива во турнирот во мал фудбал „СТРУМИЦА 2022“ кој е под покровителство на градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов. Турнирот ќе започне од утре (понеделник) и ќе трае околу еден месец, а истиот ќе се одржува на новото спортско игралиште во Чифлик населбата.

Тимот што ќе биде прв, ќе добие награда од 110 илјади денари, второ место 60 илјади денари и трето место 30 илјади денари.

Струмица е спортски град, со спортски дух. Навивајте за вашиот тим!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ