Home

Perdormire
Спорт Струмица

НОВО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ СО ВЕШТАЧКА ТРЕВА ВО СТРУМИЦА!

Home

Спортската инфраструктура во Струмица е побогата за уште еден спортски терен, а тоа е новото фудбалско игралиште со вештачка трева. Денеска се изврши примопредавање на игралиштето согласно Хет трик III програмата на УЕФА, од страна на Фудбалската федерација на Македонија, на Општина Струмица и ФК „Академија Пандев“.

Во своето обраќање, градоначалникот Коста Јаневски потенцираше дека овој спортски терен е изграден со трипартитен договор меѓу „Академија Пандев“, Фудбалската Федерација на Македонија која ги обезбеди средствата и Општина Струмица којашто ги обезбеди локацијата, проектот и одобрението за градба. А најважно од се е што ова игралиште ќе го користат сите фудбалски клубови.

Општина Струмица ја уредува и патната инфраструктура во овој спортски комплекс во којшто се наоѓаат фудбалскиот стадион, спортскиот центар „Академија Пандев“, спортската сала и двете игралишта со вештачка трева. Останува уште да се реализира ветувањето на Фудбалската федерација на Македонија за изградба на соблекувални и помошни простории.