Perdormire
Спорт

НОВА ПОЛУСЕЗОНА И НОВА ПОБЕДА ЗА НАШАТА „БЕЛАСИЦА“

ФК Беласица се враќа со целиот плен од Кочани. Одлично издание на нашите фудбалери во текот на целиот натпревар. Со својот првенец во плаво-белиот дрес, новото засилување Митев Роберт во 44та минута го отвори резулатот по асистенција на Коцев Александар. Во 74та минута, над Размоски Дарко беше направен прекршок во противничкиот шеснаесетник, а капитенот Милушев Александар реализираше од белата точка за конечни 0:2.
Ова беше и рекордна 9та “чиста мрежа” за нашата одбрана и голман Ѓоргиев Димитар во Втора МФЛ – Исток оваа сезона.
Честитки до стручниот штаб и фудбалерите за уште една во низа, храбра издвојувана победа!

  • Big-Baner.jpg
  • 300x250.png
  • BANER-19_06.gif