НИКОЛА ЃОРЃИЕВ: НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКАТА ВЕРЗИЈА НА „МОНТЕВИДЕО – БОГ ТЕ ВИДЕО“ – ЗА СЕ ШТО ПОМИНАВМЕ ЗАСЛУЖУВАМЕ ФИЛМ!

септември 9, 2019

МАКСПОРТ:

Со самиот пласман на ЕП, македонските одбојкари докажаа дека се спортсти со големи срца. Медиумски запоставени, вложувања минимални, услови за работа катастрофални, но ниту тоа не им пречеше на Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов, Владо Милев и останатите да се надминат себе си, да ги надминат сите препреки и да се вивнат во историјата како прва генерација која ќе игра на континентално натпреварување. Токму на четири дена до стартот на ЕП, разговаравме со лидерот на оваа генерација, Никола Ѓоргиев кој влева надеж дека „црвено-жолтите“ ќе продолжат со испишување на историја и во Љубљана.

„Остварување на моите соништа“. Со оваа реченица Никола Ѓоргиев го започнува разговорот со нас, во пресрет на Европското првенство.

🗣,Јас сум во репрезентацијата од 2005 година, ги поминав сите тие генерации кои оттогаш се сменија, од времето кога бев најмлад се до денес, кога сум еден од најискусните и можам да кажам дека сите сонувавме да бидеме на Европско првенство. Секој циклус бевме се побилску, но секогаш ни недостасуваше тој еден чекор за да стигнеме до целта. Ова Европско првенство преставува остварување на моите соништа и не само мои, туку остварување на соништата на сите генерации одбојкари на Македонија, а посебно на цела ова генерација која ја оствари таа цел.

🗣,За жал ние не можеме да се надеваме на Светско првенство или Олимпијада па така настап на Европското Првенство е круна на мојата репрезентативна каријера, нешто што ме прави посебно среќен, ме мотивира да тренирам и со нетрпение очекувам да започне“

СОНУВАМЕ ДВЕ ПОБЕДИ И ИСПИШУВАЊЕ НА НОВА ИСТОРИЈА 💪🇲🇰

„Црвено-жолтите“ се сместени во групата Ц во Љубљана. Покрај домаќинот Словенија, Македонија во групата Ц ќе се соочи и со селекциите на Турција, Финска, Белорусија и големиот фаворит Русија.

🗣,Русија е број еден фаворит во групата и очекувам да ја заземат првата позиција. Словенија исто така ќе биде голем фаворит во дуелот со нас, но против нив можеме да играме. Против останатите три противници – Турција, Финска и Белорусија можеме да победиме, но доколку не бидеме на потребното ниво може и да губиме по 3-0.
Останува да ги одиграме и двете пријателски средби во Австрија, а потоа и да обрнеме внимание на тактичкиот дел. Верувам дека ќе се бориме за следната фаза“.
„Не одиме на туризам во Словенија. Напорно работевме за да оствариме нова историја. Мојот карактер е таков, не можам да се задоволам само со учество на ова првенство. Можеби кога ќе бидам пензионер ќе се навратам и ќе бидам горд бидејки сме учествувале. Но, ние поинаку размислуваме, сите сонуваме две победи и испишување на нова историја и остварување на голем подвиг – пласман меѓу шеснаесете најдобри“.

Тренираа по ладни сали, патуваа со автобуси кој најчесто и се расипуваа, на патештествијата им немаше крај, па Ѓоргиев оваа „спартанска“ генерација ја споредува со филмот „Монтевидео“.

„Понекогаш во сите среќни и тажни мигови размислувам дека за нас и за сите патишествија кои сме ги поминале треба да се напише една книга или да се направи еден филм како што е филмот: ,,Монтевидео, Бог те видео“, каде што играчите одеа со брод до Уругвај, а кај нас наместо брод беше Автобус. Минавме низ тешки моменти, но она што ме прави горд на себе и на сите момци, кои се пред се одлични луѓе и одлични играчи, е тоа што издражавме, и не само тоа, туку и да секогаш го даваме максимумот, играјќи понекогаш и болни и повредени, и сигурен сум дека пласманот на ЕП е круна на сето тоа“.

ОФМ НИ ОБЕЗБЕДИ НАЈДОБРИ УСЛОВИ ДОСЕГА

По пласманот на ЕП дефинитивно работите почнаа да се движат во позитивна насока. Тоа го потврдува и Ѓоргиев, потенцирајки дека досега никогаш немале толку квалитетни услови за работа.

🗣,Дефинитивно многу работи се сменија. ОФМ ни обезбеди најдобри услови до сега. Бевме во Маврово на подготовски пет недели, каде имавме буквално се што ни е потребно. Со нас работеа двајца тренери, плус фитнес тренер од Париз Волеј и двајца физиотерапевти. Со договорот на ОФМ за нашето здравје се грижи ПроМедика, такашто можам слободно да кажам ова се најдобрите услови кои некогаш сум ги имал во текот на мојата 14 годишна каријера“.
Македонија досега одигра четири контролни натпревари. Во домечот со Шведска бевме половични, победа и пораз, додека на турнирот „Чајка“ ја совладавме Бугарија, но загубивме од Украина. Сепак, Ѓоргиев вистинската форма на нашата селекција ја очекува на стартот до ЕП.

🗣,Откако ги започнавме подготовките се соочуваме со голем број на повреди. Резултатите на пријателските средби не се најсјани, но тоа е разбирливо бидејки само првиот и вториот ден трениравме комплетни сите 16 играчи. Нашата најдобра форма ја очекувам на Европското првенство“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: