НЕКА БИДАТ КАФУЛИЊАТА ПОЛНИ УТРЕ, НЕКА ЕЧИ МАКЕДОНСКА ПЕСНА-ВАРДАР ПОВТОРНО ВО ФИНАЛЕ, ИГРАМЕ ЗА НОВА ТИТУЛА!

јуни 1, 2019

Капитенот Столе Стоилов беше горд на вардаровите ракометари за кам-бекот против Барселона. Македонскиот тим губеше со седум гола, но на крајот успеа да забележи триумф и да игра во големото финале на Лигата на шампионите.

„Знаевме дека можеме да се вратиме, такви играчи имаме во екипа, сите знаат да потегнат и да играат брзо. Тоа ни фалеше во првиот дел, неправедно губевме толку разлика, затоа што промашувавме од лесни позиции. Се одеше во корист на Барселона, но ете не, на крајот ние сме во финале. Во вториот дел притискавме, фативме ритам, ни се отвори шанса да победиме и ја искористивме. Барселона е најдобриот тим во светот, ги победивме нив, сега следи Веспрем. Се работи за еден натпревар, на кој ако дадеш се од себе, можеш да победиш. Ова е тим со победници, сакаме да победуваме секаде, а не па на Ф4-турнир“, изјави Стоилов.

Ривал на Вардар во финалето ќе биде Веспрем, а дуелот за европска круна се игра в недела од 18:00 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ