strumica denes logo

Не го заборавија – во Струмица грмеше „Столе Стоилов“!

Автор:

Датум:

јуни 16, 2019

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јуни 16, 2019

Категории:

Спорт

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Македонија на фантастичен начин стави печат на најуспешните квалификации. Во последниот натпревар нашите момци со 27-23 ја совладаа Грција и на Европското првенство патуваат како лидери во квалификациската група.

Македонија не играше така убедливо против мотивираните Грци, во првиот дел имавме и негатива од три гола, но како одминуваа минутите во второто полувреме така нашата предност растеше, па Брестовац во финишот им даде шанса на ракометарите од клупата. Во тие моменти Костески, Серафимов и Димитиевски добија овации од струмичката публика, која во продолжение направи голем гест и го поздрави Стојанче Стоилов.

Нашиот прв кружен напаѓач поради повреда и оперативен зафат не беше во можност да им помогне на своите соиграчи на дуелот со Грција, но сепак не беше заборавен од струмичките ракометни фанови.