Нашите „Астрионци“ со пораз од Неготино

октомври 24, 2018

Екипата на Вардар Неготино дојде до победа на дерби средбата против составот од Струмица. Астраион ја прекина одличната серија откако не можеше да издржи во финишот и претрпе пораз. Неготинци славеа со 22:19, па останаа во чекор со Металург јуниор.

Средбата тргна со израмнета игра. Имаше менување во водство на двете страни, но пред заминување на одмор домашните успеаја да направат предност од два гола, па на одмор отидоа со 12:10.

Оваа предност им даде можност во вторите 30 минути постојано да го диктираат резултатот на средбата и да бидат во водство. Во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се закани, а разликата беше постојано три или четири гола.

ВАРДАР НЕГОТИНО – АСТРАИОН 22:19 (12:10)

Сала: „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино. Гледачи: 500. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Игор Огненов од Битола.

ВАРДАР НЕГОТИНО: Велков, Јанев, Ташев, Трајков, Којев, Окардов 2, Коцев 5, Арсов 4, Вељанов 2, Недевски, Станков, Кузманов 4, Трајковски 1, Косановиќ 3, Митевски, Станков 1.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.

АСТРАИОН: Перовановиќ,Гогов, Ж. Стојанов 1, Беџовски 3, Катранџиев 3, Партинов, Касапов, Каркаљашев, Велков 1, С. Стојанов 7, Ончев 3, Котевски, Спасов, Ефтимов, Нурев 1.

Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: