strumica denes logo

Најмалите членови генерација 2009 на Беласица го освоија првото место на меморијалниот турнир “75 години Гунди”.

Автор:

Датум:

април 30, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 30, 2018

Категории:

Спорт

Вчера најмалите членови генерација 2009 на Беласица го освоија првото место на меморијалниот турнир “75 години Гунди”.

На турнирот беа одиграни вкупно 5 натпревари , каде што од одиграните 5 натпревари успеавме да победиме на 4 и 1 службен натпревар кој го добивме поради нерегуларноста на противничката екипа од Прилеп кои имаа играчи повозрасни од 2009.

Покрај доделувањето на медалите и пехарот беа доделени награди и за Најдобар играч(MVP) ,Најдобар стрелец и Најдобар голман. Наградата за најдобар играч (MVP) на турнирот и беше доделена на Теона Галабовска која беше феноменална на денешниот турнир.

За крај органозаторите на турнитот и се заблагодарија на сите членови кои учествуваа на денешниот турнир и најавија дека сакаат овој турнир да стане традиција и да биде одбележуван секоја година.

Турнирот е во организација на Труст ʺСина Бугаријаʺ, Бугарскиот Културен Клуб Скопје (БККС) и ФК Беласица и е во чест на 75 годишнината од раѓањето на легендарниот фудбалер на Левски (Софија) Георги Аспарухов.